Дома Видео Какво деби за Кагава: Влезе во игра и постигна два гола за две минути

Какво деби за Кагава: Влезе во игра и постигна два гола за две минути

0

Бешикташ вечерва ја порази Анталијаспор со високи 2:6 во 20 коло од Суперлигата, а величествено деби имаше јапонскиот фудбалер Шинџи Кагава.

Бешикташ до врв ја наполни мрежата на противникот. Погодија Љајиќ, Хутчинсон и Дурсон (автогол), а тогаш во 81 минута во игра влезе Кагава.

Веќе во првиот допир со топката во 82. минута го постигна својот првенец за 1:5,  а две минути подоцна со прекрасен погодок од слободен удар ја зголеми предноста на 1:6.

Домашниот тим до крајот успеа да го намали резултатот на 2:6, но тоа е се што можеа денеска.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Роналдо: Меси ме направи подобар играч, како и јас него!

Денес излезе вториот дел од интервјуто на Кристиано Роналдо за португалската телевизија TV…