Дома Трансфер зона Каде исчезна Манџукиќ?

Каде исчезна Манџукиќ?

Mарио Манџукиќ дефинитивно заврши со Јувентус.

Веќе некое време е познато дека хрватскиот напаѓач е на излезни врати од клубот од Торино. Маурицио Сари му стави до знаење дека за него нема место во тековната сезона. Манџукиќ во септември преговараше со Ал Гарафа, меѓутоа преговорите пропаднаа.

Се појави можност да заигра во Премиер лигата во дресот на Манчестер Јунајтед меѓутоа изгледа како „црвените ѓаволи“ да се „оладија“ од интересот за Хрватот.

Она што е сигурно е дека сигурно заврши со Јувентус. Манџукиќ дури не се најде ниту на списокот на Божиќната прослава која ја органзиира првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели.

Италијанските медиуми пренесуваат дека веќе некое време не е во градот и дека не одговара на повиците на нвоинарите и не постои информација каде се наоѓа во овој момент.

Се шпекулираше дека може во Милан, меѓутоа за „росонерите“ е резервна варијанта во случај да не се договорат со Ибрахимовиќ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Клоп има мета од 60 милиони евра

Ливерпул оваа година после 30 години чекање конечно ќе стигне до титулата во Премиер лигат…