Дома Македонски спорт Кадетите ја прегазија Летонија и без пораз одат во полуфиналето!

Кадетите ја прегазија Летонија и без пораз одат во полуфиналето!

Kaдетската репрезентација на Македонија до 18 години доминантно и рутински ја заврши последната задача во групите на ЕХФ шампионатот во Летонија. Денес ја совладаа домашната селекција со убедливи 33:23.

Од самиот старт, во првите десетина минути ние ја покажавме разликата во квалитетот во однос на Летонците. Одлична беше и одбраната па брзо поведовме со 8:3. Од тој момент домаќините во ниту еден момент не се доближија и не беа закана за конечниот исход на мечот.

На овој меч не се почувствува тоа што бевме без класичен десен бек после повредата на Димитар Узунчев, сепак во следните натпревари за медали сигурно за стручниот штаб ќе биде поголем предизвик да се пополни неговото отсуство.

Најефикасен денес беше Тодор Узунчев со оедум гола, а за играч на мечот сепак беше прогласен Томислав Димковски кој постигна шест гола. Давид Брестовац беше одличен на голот со 11 одбрани.

Македонија сега в сабота ја очекува полуфинлниот дуел против поразениот од натпреварот помеѓу Луксембург и Швајцарија, ако биде нерешено Луксембург ќе биде нашиот противник поради послабата гол-разлика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Мајсторија каква ретко се гледа: Ова е најубавиот гол во Лигата на нации🎥

19-годишниот словенски репрезентативец Бенџамин Шешко уште еднаш покажа дека е еден од нај…