Дома Македонски спорт И Херта го сака Чурлинов, но желба на Македонецот е враќање во Шалке

И Херта го сака Чурлинов, но желба на Македонецот е враќање во Шалке

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се врати во Штутгарт каде што ги поминува подготовките за новата сезона.

На последниот пријателски натпревар Чурлинов постигна и гол, но медиумјите и понатаму пишуваат дека негова желба е да се врати во Шалке. Во меѓувреме пристигна и информација дека Херта сака да го доведе.

Херта наводно е спремна да ја плати сумата која ја бара Штутгарт, но Македонецот сака само во Шалке каде што играше како позајмен фудбалер. Проблемот е што Шалке не е спремен да плати три милиони евра.

Сепак, до крајот на преодниот рок не е исклучена можноста двете страни да пронајдат некаков договор и Чурлинов да се врати во Шалке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Консевич го отвора македонскиот настап во Астана, шестмина борачи чекаат ред

Вероника Консевич денеска се соочува со Нигеријката Адијат Идрис во категоријата до 55 кил…