Дома Фудбал Останато И Роберт Левандовски има предлог за тренер на Баерн

И Роберт Левандовски има предлог за тренер на Баерн

Управата на Баерн е во потрага по нов тренер откако Нико Ковач доби отказ.

Откако хрватскиот стратег доби отказ многумина се споменуваа како негов наследни од Алегри, Тухел, до Венгер...Додека се именува нов тренер тимот го води неговиот помошник Ханс-Диетер Флик, не се исклучува можност и тој да остане до крајот на сезоната. Посебно после победата против Борусија Дортмунд од 4:0 во првенството.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Со негово останување на клупата се согласува и Роберт Левандовски.

„Верувам дека Флик е вистинскиот човек. Треба да добие шанса, барем до крајот на сезоната. Сите во тимот со него одлично се сложуваме, неговото тактичко и фудбалско знаење е на високо ниво и во краток период покажа дека си ја знае работата“, изјави Левандовски.

Се шпекулира дека доколку Флик остане негов помошник може да биде Мирослав Клосе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…