Дома Македонски спорт Мак фудбал И Беласица се жали: Судењето против Шкупи беше срамно!

И Беласица се жали: Судењето против Шкупи беше срамно!

Сезонава во македонската прва лига многу се зборува за судењето, скоро и да нема тим кој не се пожали.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


ФК Беласица која веќе еднаш јавно се жалеше сезонава, повторно испрати критики по мечот со Шкупи. Од Беласица тврдат дека Шкупи добил непосточеки пенал, а не биле досудени два чисти во нивна корист. Освен тоа напоменуваат и дека првиот судија Иванов Игор при досудениот пенал за Шкупи прво одмавнал со рацете.

Во продолжение ви го пренесуваме нивното соопштение во целост:

“Сакаме да честитаме на борбеноста, упорноста и фантастичната игра на нашите фудбалери во текот на сите 90 минути и тоа против екипа претендент за шампионската титула оваа сезона, но истовремено, сакаме да го нагласиме срамното судење на првиот судија Иванов Игор, кој досуди непостоечки пенал за ФК Шкупи, додека за нашата екипа не досуди во два наврата чисти пенали. Притоа, сакаме да напоменеме дека при одлуката за пенал за ФК Шкупи, Иванов најпрво одмавна со рацете, наговестувајќи дека нема пенал, за потоа да си ја преиначи сопствената одлука без сугестија на ниту еден од неговите помошници. Во следното коло ФК Беласица ја пречекува екипата на Македонија ЃП“, стои во соопштението.

Ова коло се жалеше и вториот клуб од Струмица, Академија Пандев – тука.

Фото: ФК Беласица

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…