Дома Фудбал Репрезентации Италија и Македонија баражот би можеле да го играат на неутрален терен

Италија и Македонија баражот би можеле да го играат на неутрален терен

Медиумите во Италија објавија вест дека постои можност баражот Италија – Македонија да се игра на неутрален терен.

Имено, поради таканаречниот супер „green pas“ бараж дуелот би можел да не се игра во Палермо туку домаќин да биде друга земја. Во италијанските медиуми се пишува дека поголем дел од македонските репрезентативци се вакцинирани со руската вакцина „Спутник“, а таа не е призната од Европската унија.

Затоа најавите се дека Италија и Македонија би можеле да играат на неутрален терен. Меѓутоа Италијанците споменуваат и едно малку веројатно сценарио, а тоа Македонија службено да биде исклучена и Италија да оди во финалето. Сепак, вакво нешто реално тешко може да се очекува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шоу на Батлер, Мајами се избори за мајсторка со Бостон!

Eкипата на Мајами славеше со 111:103 на гостувањето кај Бостон и така изедначи на 3:3 во ф…