Дома Фудбал Италија Италијанците не простуваат: Нова голема казна за Мурињо!

Италијанците не простуваат: Нова голема казна за Мурињо!

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ќе го пропушти стартот на новата сезона во Серија А, бидејќи Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) му изрече десетдневна суспензија поради навреда на судија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мурињо беше казнет од дисциплинската комисија на ФИГЦ затоа што изјави дека Даниеле Чифи е „најлошиот судија што го видел во кариерата“ по ремито на неговиот тим со Монца на 3 мај.

Португалскиот тренер ќе треба да плати и казна од 50.000 евра.

Минатата недела Европската фудбалска унија (УЕФА) го суспендираше 60-годишниот Мурињо на четири натпревари откако го навредуваше судијата Ентони Тејлор по овогодинешното финале во Лига Европа.

На 31 мај, во финалето на Лига Европа во Будимпешта, Рома беше поразена од Севиља по изведување пенали, а Португалецот на прес-конференцијата по натпреварот го критикуваше Тејлор, а потоа го чекаше англискиот судија на паркингот на стадионот и го навредил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мексиканците им зададоа шлаканица на Американците на отворањето на СП: Забрането знаме пред очите на целиот свет

Мексиканците зададоа жестока шлаканица на Американците на отворањето на Светското првенств…