Дома Топ вести Италијански новинар ги откри плановите на Роналдо

Италијански новинар ги откри плановите на Роналдо

Иднината на Кристиано Роналдо веќе неколку недели е главна тема на Апенините, а медиумите шпекулираа дека може да го напушти Јувентус на крајот на сезоната.

Јувентус имаше слаба сезона како во Серија А, така и во ЛШ, па поради тоа се шпекулираше дека Роналдо може да си замине ова лето.

Италијанскиот новинар Клаудио Раимонди синоќа ги откри плановите за иднината на Роналдо.

Раимонди тврди дека Роналдо ова лето нема да ја напушти „старата дама“, туку и следната сезона ќе игра во дресот на Јувентус, по што како слободен играч ќе замине од клубот.

Исто така, тој вели дека Роналдо нема да се пресели во ниту еден од гигантите со кои се поврзува туку Португалецот наводно имал желба кариерата да ја заврши во Спортинг Лисабон, каде што и ја започна кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Богаташ купи клуб за да може да игра неговиот син од 126 килограми📷

Фудбалските клубови за жал станаа „играчки“ на богатите луѓе. Па неверојатна приказна ни п…