Дома Фудбал Италијанските медиуми за Манџукиќ: Целосно промашување

Италијанските медиуми за Манџукиќ: Целосно промашување

Maрио Манџукиќ не ги оправда очекувањата во Милан.

Не се наигра хрватскиот напаѓач, а причина е незгодната повреда која го одвои од теренот. Беше најавуван Манџукиќ како големо засилување за Милан, но долгата пауза неиграње, поточно десетте месеци без клуб придонеле да падне во формата.

Манџукиќ потпиша договор на половина година со можност за продолжување на соработката.

Италијанските медиуми пренесуваат дека тоа нема да се случи.

„Тутоспорт“ го опишува Манџукиќ како целосно промашување. Сепак се остава мал простор Манџукиќ успешно да се врати и до крајот на сезоната да успее да ги сврти работите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…