Дома Фудбал Останато Италијанска легенда може да биде тренер на Адеми и Ристовски во Динамо?

Италијанска легенда може да биде тренер на Адеми и Ристовски во Динамо?

Ненад Бјелица и понатаму е прв фаворит за нов тренер на Динамо Загреб и според последните информации наскоро би требало се да се официјализира, но последните информации говорат дека хрватскиот гигант чека и одговор од италијанска фудбалска легенда.

Имено, познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио тврди дека со Бјелица е се договорено, меѓутоа не е потврдено и официјализирано затоа што се разгледува опцијата за доведување на Фабио Канаваро.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Хрватскиот клуб разгледува различни профили на тренери, Бјелица и понатаму е фаворит. Меѓутоа не е исклучено на клупата на Динамо да седне Фавио Канаваро. Поранешниот тренер на Удинезе има понуда, меѓутоа тој сака да работи во Италија, па размислува“, пишува Ди Марцио.

Канаваро последниот ангажман го имаше во Удинезе од каде што доби отказ, а во Италија работеше уште во Беневенто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул ја одредил цената на Конате

Раководството на Ливерпул ја одредило цената на Ибрахима Конате, чиј договор со клубот ист…