Дома Кошарка Историја: Лејкерси го освоија првиот НБА куп! 🎥

Историја: Лејкерси го освоија првиот НБА куп! 🎥

Лејкерси предводени од Леброн Џејмс се освојувачи на првиот НБА куп, откако во финалето славеа против Индијана со 123:109 во Лас Вегас.

Херој на големиот успех на тимот на ЛА беше искусниот Леброн Џејмс, кој беше прогласен за најкорисен играч на ова натпреварување, кое се одржува по прв пат.

Лејкерси од самиот почеток го презедоа водството, и рутински го чуваа во текот на големиот дел од натпреварот, а во последната четвртина Индијана не можеше да ги следи, па Џејмс и дружината заминаа на двоцифрена предност.

Ентони Дејвис одигра меч за паметење, имаше учинок од 41 поен и 29 скокови, додека Лебронго следеше со 24 поени, 11 скокови и четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стојановски со 38 поени го водеше Феникс, Вардар закажа дуел на непоразените

Феникс 2010 ги совлада Ангели со 115:83 и ја запиша петтата победа. Вардар остана без пора…