На 13 октомври 1993 година, македонската фудбалска репрезентација во Крањ го одигра првиот натпревар во својата историја.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Националниот тим го одигра првиот меч по распаѓањето на тогашна Југославија, а Македнија запиша победа со 4-1 против Словенија.




Головите за Македонија ги постигнаа, Зоран Бошковски – Чоко, Дарко Панчев, Чедомир Јаневски и Драган Канатларовски.




За Македонија играа: Зоран Мицевски, Кире Грозданов (Неџмедин Мемеди 61`), Зоран Јованоски, Драги Канатларовски, Илија Најдоски, Чедомир Јаневски, Зоран Бошковски (Ванчо Мицевски 83`), Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски (Горан Георгиевски 11`, Сашо Милошевски 79`), Тони Мицевски.