Дома Останати Кошарка НБА Историска титула за Торонто во НБА! (ВИДЕО)

Историска титула за Торонто во НБА! (ВИДЕО)

1

Торонто Рапторси се нови шампиони во НБА лигата!

Канадскиот тим во шестиот натпревар во НБА финалето го совлада Голден Стејт на гости со 110:114 и со вкупни 4:2 ја освои својата прва НБА титула во историјата.

Едноставно после повредата на Кевин Дурант во минатиот натпревар и веројатно тешката повреда на Томпсон во оваа средба Торонто мораше да стигне до титулата која е прв за нив во 24 годишната историја.

Од самиот почеток во „Оракл Арената“ се играше одлична кошарка. Рапторси го отворија мечот со 2:11 и тоа воедно беше најголемата разлика во натпреварот.

Блескаше во првото полувреме Кајл Ловри. Тој беше најзаслужен за водството на Торонто на полувремето од плус три (57:60) за во продолжение одговорност од клупата да превземе одличниот Фред Ванвлет.

Погодуваше овој човек апсолутно се кога требаше, но Рапторси за млку можеа да ја испуштат победата. Имаа плус шест на две минути пред крајот, но Вориорсите доаѓаат на шут до победа.

Меѓутоа, Стеф Кари не погоди. Рапторси успеаа да се одбранат, а потоа од линијата за слободни фрлања Леонард ја заврши работата за победа на Рапторс од 110:114 и прва титула во историјата на овој тим.

Одлична ноќ имаше Кајл Ловри. Уфрли 26 поени и додаде 10 асистенции и 7 скокови. Ист број на поени имаше и Паскал Сиакам додека, Фред Ванвлет и Леонард постигнаа по 22.

На другата страна Клеј Томпсон до повредата уфрли 30 поени, Андре Игудала додаде 22, а Стеф Кари 21. Дрејмонд Грин оствари трипл-дабл од 11 поени, 19 скокови и 13 асистенции.

Леонард беше прогласен за најкористен играч во НБА финалето, а ова беше последен натпревар за Вориорсите во познатата „Оракл Арена“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Сега се е јасно: Икарди стави крај на сите шпекулации! (ФОТО)

Денес во италијанските медиуми се појави изненадувачка вест која најави помирување помеѓу …