Дома Фудбал Интер ја промени сопствената историја!

Интер ја промени сопствената историја!

Милански Интер има фантастичен старт на сезоната, а синоќа со победата на незодното гостување во Верона „нероаѕурите“ испишаа историја.

Имено, после 11 одиграни кола во Серија А, „нероаѕурите“ имаат 9 победи и само две ремија, што е најдобар старт на тимот во неговата историја.

Четата на Лучијано Спалети игра одлично, а не успеа да победи само на гостувањето кај Болоња и Наполи.

Она што е интересно е дека и најдобриот старт во историјата не беше доволен „нероаѕурите“ да се најдат на првото место на таберата, бидејќи Наполи има два бода повеќе.

Во следното коло Интер на домашен терен го пречекува Торино, а тоа ќе биде шанса „нероаѕурите“ да ја продолжат победничката серија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фоден со хет-трик го разби АЕК: Сити немилосрден и без Халанд!

Манчестер Сити го совлада АЕК со 5-1 за втора победа во Лигата на шампионите, а Фил Фоден …