Дома Трансфер зона Интер ја менува филозофијата – ќе купува Италијанци

Интер ја менува филозофијата – ќе купува Италијанци

Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“ тврди дека Интер ќе ја промени својата филозофија и ќе се насочи кон купување исклучиво на италијански фудбалери во иднина.

Весникот пишува дека Интер веќе лоцирал три мети на кои ќе го насочи сиот капитал кој во касата го носи новиот сопствениик, кинеската компанија „Сунинг“.

Прв кој треба да пристигне на „Џузепе Меаца“ е Матео Дармијан кој не добива голема минутажа кај Жозе Мурињо. „Нероаѕурите“ имаат проблем на бековските позиции, а италијанскиот репрезентативец може да игра подеднакво добро како на левата така и на десната страна.

Следен на листата е Федерико Бернардески. Крилниот играч на Фиорентина важи за еден од најталентираните крилни напаѓачи во Италија, но „виолетовите“ за неговата слобода ќе бараат околу 30-35 милиони евра.

Интер ќе мора да се избори со жестоката конкуренција за да стигне до потписот на Бернардески бидејќи за него интерес покажуваат неколку клубови, а најсериозен е интересот на Челзи.

Третиот фудбалер е ѕвездата на Сасуоло, Доменико Берарди за кого Интер ќе мора да се избори со конкуренција во Јувентус. „Старата дама“ има предност при купувањето на фудбалерот, но адут за „нероаѕурите“ е тоа што самиот фудбалер преферира преселба во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Фенербахче испратил официјална понуда за Алиоски?

Иднината на Езгјан Алиоски не е јасна, се уште не се знае дали Џани ќе го продолжи договор…