Интер во зимскиот преоден рок сака да го засили нападот и е заинтересиран за младиот напаѓач на ПСЖ, Хуго Екитике.
Арнаутовиќ е повреден, Санчез е на залез на кариера, па Инзаги сака да го засили тимот со нов напаѓач.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Екитике пристигна во ПСЖ како голем талент, но оваа сезона воопшто не добива шанса кај Луис Енрике и клубот му ја отвори излезната врата.
Интер сака да ја искористи таквата ситуација бидејќи е во потрага по напаѓач, па веќе стапиле во контакт со агентот на Французинот.
„Нероаѕурите“ го сакаат напаѓачот на позајмица со право на откуп.