Италијанските медиуми тврдат дека Интер следното лето сака да направи „бум“ на трансфер пазарот, па „нероазурите“ се подготвени да го „украдат“ Антоан Гризман под носот на Манчестер Јунајтед.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Медиасет“ тврди дека нероазурите“ веќе го решиле проблемот со финансискиот ферплеј на УЕФА и имаат намера да ја платат откупната клаузула за Гризман, која изнесува 100 милиони евра.
Гризман сепак би се согласил да премине на „Џузепе Меаца“ само под еден услов – Интер да обезбеди учество во Лигата на шампиони. Во моментов избраниците на Стефано Пиоли се наоѓаат на 5-та позиција и заостануваат 5 бода зад Наполи кој е на третото место.
Во секој случај Манчестер Јунајтед ќе добие жестока конкуренција за потписот на Гризман, а предност ќе има оној клуб кој ќе обезбеди учество во Лигата на шампиони, со оглед на фактот дека и двата тима се борат за излез во ЛШ оваа сезона.