Минатото лето Пауло Дибала беше пред трансфер во Интер, но „нероаѕурите“ се одлучија за ангажман на Лукаку, па Аргентинецот заврши во Рома.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа во договорот на Дибала има откупна клаузула, ако Рома не игра во Лигата на шампиони, Аргентинецот ќе може да си замине за само 12 милиони евра.
Оваа сезона „Волчицата“ не игра во Лигата на шампиони и ако не обезбеди пласман за следната сезона, Дибала ќе сака да ја промени средината.
Интер сака да ја исправи грешката и на лето да го доведе Дибала на „Џузепе Меаца“ бидејќи смета дека би бил идеален партнер на Лаутаро Мартинез.