Дома Фудбал Англија Интер и Јунајтед не се договорија: Санчез се враќа во Манчестер

Интер и Јунајтед не се договорија: Санчез се враќа во Манчестер

Алексис Санчез може да се врати во Манчестер уште оваа недела, откако Јунајтед и Интер не постигнаа договор за продолжување на позајмицата до крајот на сезоната во Серија А.

И покрај фактот што Санчез имаше проблем со повреди и започна како стартнер на само три меча сезонава во Серија А, сепак Интер инсистираше да го задржи до крајот на сезоната, со можност и за следната сезона.

Меѓутоа, од „Олд Трафорд“ не се согласуваат со тоа бидејќи Интер е директен конкурент на „црвените ѓаволи“ во Лига Европа. Во случај ако тимот на Солскјер не заврши во Топ 4, излез во ЛШ ќе бара токму преку Лига Европа.

„Газета дело Спорт“ излезе со информација дека Јунајтед ќе го пушти Санчез да ја доигра сезоната во Серија А, но не и во Лига Европа, која ќе се доигра во август.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Судот донесе одлука, Сити ќе игра во Лигата на шампиони!

Арбитражниот спортски суд (КАС) во Лозана денес ја објави одлуката на жалбата на Манчестер…