Дома Трансфер зона Интер и Наполи не сакаа да платат 30 милиони, па сега тој за „џабе“ му се нуди на Јувентус?

Интер и Наполи не сакаа да платат 30 милиони, па сега тој за „џабе“ му се нуди на Јувентус?

0

Заминувањето од Островот на крајот од сезоната е извесно.

Според информациите на познатиот италијански новинар, Муса Дембеле е заинтересиран за трансфер во Јувентус.

Фабрицио Романо, кој работи како новинар на „Калчомеркато“ тврди дека играчот на Тотенхем сака да премине во Торино по истекот на неговиот договор и неговиот менаџер наводно веќе стапил во контакт со управата на „старата дама“.

За Белгиецот во текот на летото беа заинтересирани Интер и Наполи, но се откажаа поради цената од 30 милиони евра колку што го процени клубот од Лондон.

Договорот на Дембеле со Тотенхем истекува идното лето.

Кога во прашање е неговата плата, се шпекулира за сума од шест милиони евра годишно, но е јасно дали Јувентус е заинтересиран да издвои толкава сума за сегашниот фудалер на „петлите“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Видео: Де Лихт пристигна во Торино!

Конечно завршува една од најдолгите трансфер саги ова лето. Матијас Де Лихт ова лето беше …