Дома Фудбал Интер и Лаутаро преговараат за нов договор, но…

Интер и Лаутаро преговараат за нов договор, но…

Интер од пред неколку месеци започна преговори за продолжување на договорот со Лаутаро Мартинез.

Аргентинецот беше мета на неколку европски гиганти минатото лето, па после завршување на трансфер пазарот Интер веднаш ги започна преговорите.

Напаѓачот во моментов заработува само 1,5 милиони евра годишно, а Интер не е спремен да му понуди повеќе од 5 милиони евра по сезона.

Токму тоа е проблем во преговорите, бидејќи агентите на Лаутаро бараат 7 милиони евра годишно, што ќе го приближи до неговиот соиграч во нападот Ромелу Лукаку, кој заработува 8 милиони евра по сезона.

Денес агентите на Аргентинецот повторно имаа средба со раководството на „нероаѕурите“, но не е познато дали имало приближување на понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хајдук пред европски пресврт: Две победи му отворија пат до огромен скок

Максималниот старт во Конференциската лига не носи само бодови: сплитскиот клуб има шанса …