Дома Трансфер зона Интер испрати прва понуда за „новиот Пирло“

Интер испрати прва понуда за „новиот Пирло“

Италијанските гиганти „полудеа“ за талентот на Бреша Сандро Тонали, а медиумите пренесуваат дека Интер веќе ја испратил првата понуда.

„Нероаѕурите“ понудиле 15 милиони евра плус дополнителни бонуси за младиот талент, кој доби повик од репрезентацијата и се очекува да дебитира во вторник на мечот против САД.

Тонали игра за Бреша во Серија Б, но со своите партии веќе го привлече вниманието на сите големи италијански клубови и го доби епитетот „новиот Пирло“.

Покрај Интер, сериозен интерес за Тонали покажувата уште Милан, Јувентус, Рома и Наполи. Меѓутоа „нероаѕурите“ сакаат да ја победат конкуренцијата и веќе испратиле првична понуда за 18-годишниот плејмејкер.

Меѓутоа, понудата е далеку од цената која ја постави Бреша за својот „бисер“. Имено, тие бараат најмалку 25 милиони евра за да го пуштат Тонали.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал тргнува по Дембеле

Раководството на Арсенал покажува силен интерес за напаѓачот на Лиос, Муса Дембеле, пренес…