Дома Трансфер зона Интер има договор со Тонали, познати и деталите

Интер има договор со Тонали, познати и деталите

Oткако вчера беше објавено дека Јувентус нема да влегува во трката за Сандро Тонали, денес веќе пристигнуваат информации дека Интер постигнал договор со еден од најголемите италијански таленти.

Интер и Сандро Тонали постигнале конечен договор околу личните услови. Тонали добил договор на пет години со плата од 3.5 милиони евра по сезона со бонуси и вкупно за неговиот договор „нероаѕурите“ ќе потрошат околу 17.5 милиони евра.

Пресудна наводно била желбата на Тонали кој избрал трансфер во Интер и преку својот агент побарал со Бепе Марота да се договорат сите детали. Во овој момент Тонали е на одмор, меѓутоа дал до знаење дека сака Конте да биде новиот стратег со кој ќе заработува.

Идејата на семејството Жанг е јасна – Интер сака да продолжи да вложува во најталентираниот домашни играчи после Бастони, Барела и Сенси. Сепак и понатаму останува да се заврши уште еден дел – да се убеди сопственикот на Бреша Масимо Челино.

Клубовите се уште не ја договориле оштетата. Бреша сега бидејќи испадна во Серија Б не е во позиција да бара 60 милиони евра. Најреално изгледа сумата од 40 милиони евра, сепак останува да се види дали Интер сумата ќе ја плати во целост веднаш или ќе има некакви комбинации. Се пишува дека Интер сака да плати 10 милиони веднаш и уште 25 милиони евра наредната година, ако Бреша прифати таков договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дефанзивецот на Јувентус се сели во Премиер лигата

Дури и пред доаѓањето на Де Лихт, Ругани немаше преголема минутажа, но минатата сезон…