Дома Трансфер зона Интер го купува капитенот на Манчестер Јунајтед

Интер го купува капитенот на Манчестер Јунајтед

Интер беше во потрага по квалитетно засиливање на крилните позиции, а италијаските медиуми пренесуваат дека Конте решението го пронашол во Манчестер Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, прашање на време е кога капитенот на „црвените ѓаволи“ Ешли Јанг ќе се пресели на „Џузепе Меаца“.

Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот од сезоната и веќе се договорил со „нероаѕурите“. 34-годишниот Англичанец во наредните денови треба да се пресели во Милано и ќе потпише договор на 18 месеци со Интер.

Конте смета дека Ешли Јанг идеално би се вклопил во неговата формација 3-5-2, бидејќи може да игра како лев и десен бек.

Конте прво го сакаше Марко Алонсо, но откако не успеа да го донесе Шпанецот од Челзи, тргна во Ешли Јанг и се чини дека трансферот е пред реализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…