Дома Трансфер зона Интер го враќа Дани Алвеш во Италија!?

Интер го враќа Дани Алвеш во Италија!?

0

Искусниот десен бек Дани Алвеш вчера и официјално потврди дека го напушта Пари Сент Жермен, па веќе започна битката за неговиот потпис.

36-годишниот Бразилец не мисли да стави крај на кариерата и е спремен за нова авантура, а медиумите шпекулираат дека би можел да се врати во Италија.

Имено, Интер е сериозно заинтересиран за Дани Алвеш и веќе стапил во контакт со неговиот менаџер.

„Нероаѕурите “имаат проблеми со десната страна каде што Дамбросио е стартер, но навивачите разочарани од неговите настапи. Алвес дури и на 36 години би бил сериозно засилување за Интер посебно во системот кој го форсира Антонио Конте.

Минатата сезона Алвеш одигра 32 натпревара за францускиот тим, постигна три гола и забележа осум асистенции.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Нејмар е главна тема, Милан носи големо засилување

Влегуваме во последната недела од преодниот рок, а нашата редакција навремено ве известува…