Дома Трансфер зона Интер во Германија ја најде замената за Кансело

Интер во Германија ја најде замената за Кансело

Раководството на Интер покажува сериозен интерес за десниот бек на Хофенхајм, Павел Кадержабек, пренесуваат италијанските медиуми.

Приоритет за тимот од „Џузепе Меаца“ ќе биде да го задржи Жоао Кансело, но ќе има потешкотии да ги исплати бараните 35 милиони евра од Валенсија.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


Поради тоа раководството веќе почна да бара замена за Кансело, а на врвот на листата желби е токму чешкиот репрезентативец, Кадержабек.

Кадержабек пристигна во Хофенхајм од Спарта Прага во 2015 година и до сега има одиграни 86 меча за германскиот тим.

Особено воодушеви оваа сезона со своите партии, па го привлече вниманието на многу европски гигнати.

Доколку Интер не успее да го откупи Кансело, тогаш ќе може да го реализира трансферот на Кадержабек за 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Винисиус одбил да потпише нов договор

Винисиус ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, иако клубот му пон…