Дома Трансфер зона Интер веќе ја најде замената за Перишиќ!

Интер веќе ја најде замената за Перишиќ!

0

Англиските и италијанските медиуми тврдат дека Иван Перишиќ е пред трансфер во Манчестер Јунајтед, а на Интер не му требаше долго време за да најде замена за Хрватот.

Италијанските медиуми тврдат дека „нероаѕурите“ постигнале договор со Лацио за трансфер на крилниот напаѓач Кеита Балде и сега останува уште да постигнат договор со играчот.

Милан на почетокот на преодниот рок беше заинтересиран за Кеита, но тогаш тој преферираше трансфер во Јувентус, па „росонерите“ се откажаа.

Сепак, со оглед на фактот што „старата дама“ не може да постигне договор со Лацио, голема е веројатноста Кеита да заврши во Интер.

Интер ќе добие помеѓу 45 и 50 милиони евра за Перишиќ, а половина од нив, односно 22 милиони евра ќе му плати на Лацио за Кеита.

Медумите тврдат дека останува да се договорат последните детали, а играчот ќе потпише 4-годишен договор и на „Џузепе Меаца“ ќе заработува 3 милиони евра по сезона.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Неочекувана понуда во Мадрид – Зидан во замена за Бејл ја добива ГОЛЕМАТА желба?!

Како што пренесува шпанскиот портал „Diario Gol“, Реал Мадрид добил неочекувана понуда. Сп…