Дома Фудбал Англија Изнанедување какво што секој би посакал: На тренингот на Тотенхем се појави – Раул Гонзалес!

Изнанедување какво што секој би посакал: На тренингот на Тотенхем се појави – Раул Гонзалес!

Новото лице на тренингот на Тотенхем ги изненади сите!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид и човекот кој пред три години ја заврши својата блескава фудбалска кариера, Раул Гонзалес денес тренираше со „петлите“.

Секако, не се работи за некој сензационален трансфер. Станува збор за школување на Раул кој наскоро би требало да добие „А“ лиценца за тренер.

Без разлика што нема да го гледаат на натпреварите, навивачите на англискиот клуб се воодушевени од можноста да го гледаат легендарниот Шпанец помеѓу своите миленици.

Раул дресот на Реал Мадрид го носеше од 1994 до 2010 година, две години беше во Шалке, две во Ал-Сад, а последната сезона како професионален фудбалер ја помина во Њујорк Космос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aлајбеговиќ прави трансфер од 25 милиони евра во Италија?

Аталанта е на чекор од потпишување договор со крилниот напаѓач Керим Алјабеговиќ од Баер Л…