Дома Фудбал Италија Избегнато реми деби за Роналдо и „Старата дама“ на стартот од новата сезона во Серија А: Јуве во 93. поуспешен од Киево (ВИДЕО)

Избегнато реми деби за Роналдо и „Старата дама“ на стартот од новата сезона во Серија А: Јуве во 93. поуспешен од Киево (ВИДЕО)

Во рамки на стартот на новата сезона во Серија А, актуелниот италијански шампион, Јувентус славеше на гостувањето кај Киево со 2:3.

Се намачи Јувентус за ваков епилог, што сепак на крајот резултираше со победа за фаворитот на овој меч.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако во раната 3. минута резултатот го отвори Кедира, Степински беше подготвен да го врати во игра Киево со погодок во 38. минута од мечот, па со резултат 1:1 се замина на полувреме.

Во вториот дел Киево покажа дека нема страв од новиот Јувентус засилен со најдобриот играч, Кристијано Роналдо, па преку Гиачерини од белата точка дојде до водство во 56. минута.

И Јувентус посреќен не можеше да биде, кога во битката за погодок за израмнување доби помош од Бани кој постигна автогол, што му овозможи барем бод на актуелниот италијански првак.

Сепак, велат, среќата ги следи храбрите па во 93. минута Брнадеши постигна погодок за големи три бода на Јувентус.

Роналдо во своето деби не успеа да постигне погодок, а и впрочем не којзнае колку важна алка на теренот за „Старата дама“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…