Ерик Џемба-Џемба своевремено беше голем талент кој многу ветуаше. Откако одигра две добри сезони во Нант го купи големиот Алекс Фергусон за 4,5 милиони евра.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Камерунскиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ се задржа две сезони, потоа следеше трансфер во Астон Вила, а во 2007 година го одигра последниот натпревар во Англија, што значеше и пад на неговата кариера.
Најпрво Џемба-Џемба се проба во Катар, а потоа следеа Оденсе, Хапоел Тел Авив, Партизан… Пред две години потпиша за индијскиот Ченаин, но и после тоа не се засити од фудбал – одигра неколку месеци во Индонезија, за минатата сезона да заврши во францускиот петолигаш Волтигерс.
Џемба-Џемба го одведе Волтигерс до четврта лига, но оваа сезона немаше место за него во тој клуб. Сепак, тоа не го обесхрабри.
35-годишниот Камерунец се одлучи на уште една авантура во 5-та лига, овој пат во Швајцарија. Тамошниот клуб Валорбе денес официјално потврди дека постигнале договор за соработика до крајот на сезоната.