Дома Трансфер зона Играч на Атлетико пред трансфер во МЛС лигата

Играч на Атлетико пред трансфер во МЛС лигата

Aтлетико Мадрид игра лоша сезона во Ла Лига и може да се надева само на пласман во Лигата на шампионите, во клубот полека размислуваат и за преодниот рок кој следи.

Делумната реконструкција на тимот би можела да значи и заминување на Ектор Ерера. „Марка“ пренесува дека Ерера веќе има договор со клуб од МЛС Лигата. Највите се дека Мексиканецот ќе го засили тимот на Хјустон Динамо.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Според информациите Ерера договорил соработка до 2025 годинаа, а во САД ќе заработува многу повеќе и ќе биде главна ѕвезда на тимот. Во Атлетико Ерера дојде во 2019 година од Порто, за него шпанскиот клуб не плати оштета затоа што пристигна како слободен агент.

Во редовите на Хјустон Ерера ќе заработува четири милиони евра по сезона со што ќе биде најплатен помеѓу фудбалерите на овој тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Бензема може да потпише за Фенербахче

Карим Бензема после една година помината во Саудиска Арабија би можел да се врати во Европ…