Aтлетико Мадрид официјализираше уште еден трансфер!
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Популарните „Јорганџии“ го доведоа играчот на Порто Хектор Ерера. Станува збор за 29 годишен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции во средниот ред. Ерера во Атлетико доаѓа како слободен играч и тоа откако му истече договорот со португалскиот тим.
Мексиканецот со Атлетико потпиша договор на три години и ќе биде обврзан со клубот од „Ванда Метрополитано“ до летото 2022 година.
Инаку тој е веќе петтото засилување за Атлетико ова лето: Пред него пристигнаа Маркос Љоренте од Реал, Фелипе од Порто, ННиколас Ибанеза од Сан Луиз и Рене Лоди од Атлетико Параненсе.
Во наредните денови се очекува клубот да го потврди и трансферот на Жоао Феликс за кого ќе плати 126 милиони евра.
? | Agreement with @HHerreramex for the midfielder to become a new Red & White player ?⚪
?? The Mexican is to sign a three-year contract tomorrow.
? Welcome! ?
? https://t.co/9KgGratmg2#AúpaAtleti #WelcomeHerrera pic.twitter.com/sPkUFn3UXn— Atlético de Madrid (@atletienglish) July 3, 2019