Дома Фудбал Англија Играчот на Сити се симна од трибините, а редарите помислија дека е хулиган (ФОТО)

Играчот на Сити се симна од трибините, а редарите помислија дека е хулиган (ФОТО)

Манчестер Сити во големото дерби од 21-то коло од Премиер лигата го совлада Ливерпул со 2:1 и така го намали заостанувањето зад тимот на Клоп на четири бода.

Сити до предност стигна во 40-тата минута со голот на Агуеро, Фирмино изедначи во 64-тата минута за осум минути подоцна Лерој Сане да обезбеди победа за домаќинот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


После последниот свиреж на судијата избраниците на Гвардиола започнаа да слават, што е сосема нормално. Нив им се придружи Бенџамин Менди кој натпреварот во портакалова јакна го следеше од трибините.

Тој ја прескокна оградата и го прегрна Серхио Агуеро. Редарите кои беа задолжени да нема проблеми помислија дека се работи за хулиган. Тргнаа по него, но тука беше Рахим Стерлинг да им објасни за кого се работи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Урнебесно видео: Еве како се користи ВАР во македонската четврта лига

ВАР од оваа сезона се користи на терените во Првата лига, но во пониските лиги го нема, па…