Дома Останати Тенис Иванишевиќ најави на кого би можел да биде тренер

Иванишевиќ најави на кого би можел да биде тренер

ВО интервјуто кое го даде за „Спорт Клуб“ и во кое го објаснува прекинот на соработката со Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ изјави дека ќе направи мала пауза за да се одмори, а потоа би можел да се врати на работа.

Под знак прашалник е кој ќе биде следниот играч што ќе го води и јасно е дека Иванишевиќ го чека поинаква работа од онаа што ја имаше досега, а и самиот тој најави пресврт.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


“Дел од мене чека да го пренесам сето она што го научив на друг играч, но ќе почека барем до септември. Што по Ѓоковиќ? Тренирав најголемиот и освоив се. Би сакал некој помлад, некој што сега треба да стане голем играч. Дино Прижмиќ? Можеби“.

Прижмиќ и Ѓоковиќ се соочија во 1. коло на овогодинешниот Австралија Опен. Хрватскиот тинејџер, квалификант за првиот Грен слем сезонава, а потоа и 178. на АТП-листата, го мачеше Ѓоковиќ, кој на крајот победи со 6:2, 6:7(5), 6:3, 6:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал откажал тренинг, се помалку шанси да игра на ОИ

На жрепката за Олимписките игри Рафаел Надал дозна дека доколку го победи Фучович во првот…