Речиси петгодишната соработка меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ заврши по Мастерсот во Мајами.
Иванишевиќ му се приклучи на тимот на Ѓоковиќ во првата недела на Вимблдон во 2019 година и постигна бројни успеси со Новак, но помина и низ исклучително тешки моменти, како дисквалификацијата од УС Опен и депортирање од Австралија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хрватскиот тренер има голема заслуга за подобрениот сервис на Ѓоковиќ во овој период, а заедно освоија осум-грен слем титули, не сметајќи го Вимблдон од таа 2019 година кога ја започнаа соработката.
Во текот на својата тренерска кариера, Иванишевиќ претходно соработуваше со Марин Чилиќ, Томаш Бердих и Милош Раониќ.