Дома Трансфер зона Ибра го советува Мурињо: Доведи го НЕГО во Јунајтед!

Ибра го советува Мурињо: Доведи го НЕГО во Јунајтед!

Жозе Мурињо уште во јануарскиот преоден рок ќе сака да ја засили дефанзивната линија, а една од најголемите желби е Виктор Линделоф.

Дефанзивецот на Бенфика и шведски репрезентативец со своите добри партии го привлече вниманието на многу европски гиганти,а Ибра го советува Мурињо да го донесе на „Олд Трафорд“.

„Мислам дека Виктор уште сега прави големи нешта на теренот, игра одлично за Бенфика, важен е за шведската репрезентација, и сигурно прераснува во голем фудбалер“, истакна Ибра.

„Мислам дека е спремен за голем чекор во кариерата, но на него останува да одлучи да ја избере најдобрата опција. Сигурно би бил големо засилување за Манчестер Јунајтед“, додаде напаѓачот.

Линделоф има откупна клаузула од 30 милиони евра во договорот со Бенфика, па неколку клубови се спремни да ја платат таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола спреми богата понуда за Германецот кој блесна на ЕУРО

Манчестер Сити е силно заинтересиран за левиот бек на Аталанта и германски репрезентативец…