Златан Ибрахимовиќ ќе го напушти Милан на крајот на сезоната, барем така тврдат италијанските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако со неговото доаѓање на „Сан Сиро“ Милан започна да игра нешто подобро, сепак двете страни ќе се разделат по завршување на сезоната.
Клубот не е спремен да му понуди нов договор на 38 годишниот напаѓач поради неговата висока плата од 6 милиони евра по сезона.
„Скај Италија“ тврди дека Ибра веќе донел конечна одлука и кариерата ќе ја продолжи во Шведска.
Ибрахимовиќ неодамна купи дел од акциите на Хамарби и најверојатно таму ќе игра уште една сезона, пред да ја заврши кариерата.