Холанѓанецот Џошуа Зиркзе нема да се пресели во редовите на Милан, потврди Златан Ибрахимовиќ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Зиркзе беше голема желба на „росонерите“, но на крајот изгледа ќе заврши во Манчестер Јунајтед кој сега е најблиску до неговиот потпис.
Ибрахимовиќ најави дека Милан сега ја разгледува опцијата за друг играч, меѓутоа не го откри неговото име.
„Имаме неколку опции и не брзаме. Трансфер периодот е отворен неколку месеци и можам да ветам дека ќе имаме засилувања. Преговараме, но не сме реализирале се уште ниту еден трансфер. Ќе потврдам дека Зиркзе е минато, имаме друг фудбалер на ум“, изјави Ибрахимовиќ.
Зиркзе во овој момент со Холандија на Европското првенство каде што го очекува полуфинале против Англија.