Дома Фудбал Ибрахимовиќ ја дозна казната за црвениот картон

Ибрахимовиќ ја дозна казната за црвениот картон

Златан Ибрахимовиќ ја дозна казната за исклучувањето во саботниот натпревар против Парма.

Дисциплинската комисија одлучи да го казни Ибрахимовиќ на еден натпревар со парична казна од 5.000 евра. Во образложението се наведува дека Швеѓанецот покажал непочитување кон судијата Мареска.

Италијанските медиуми истакнуваат дека Ибрахимовиќ сигурно ќе се жали затоа што верува дека судијата погрешно го разбрал.

Ако остане оваа казна Ибрахимовиќ нема да има право на настап во натпреварот против Џенова.

Од друга страна казната за Мареска е што повеќе нема биде делегиран на натпреварите на Милан, а ќе одмори и во наредните неколку кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…