Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ откри колку јазици зборува

Ибрахимовиќ откри колку јазици зборува

Златан Ибрахимовиќ гостуваше во емисија на американската телевизија CBS и се пофали дека знае 5-6 јазици.

На овие простори привлече внимание со тоа што зборува „југословенски“; јазик што всушност никогаш не постоел под тоа име.

„Зборувам пет-шест јазици. Кога бев млад се преселив во Холандија, па научив холандски, а зборувам и шведски, англиски, југословенски, италијански и малку шпански“, вели Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ е роден во Малме, неговиот татко Шефик е Бошњак, а неговата мајка Јурка е Хрватка. Во богатата клупска кариера, меѓу другите, настапуваше и за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул размислува за разделба со Јереми Фримпонг

Ливерпул би можел да се раздели со Јереми Фримпонг поради слабата дефанзивна игра против М…