Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ: Не е тајна дека Милан ме посакува

Ибрахимовиќ: Не е тајна дека Милан ме посакува

Легендарниот шведски напаѓач, Златан Ибрахимовиќ во изминатите години многу се поврзуваше со враќање во Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во последната изјава која ја даде за медиумите Швеѓанецот потврди дека Милан покажал интерес за неговите услуги, но додаде и дека би можел да остане во Галакси уште една сезона.

„Росонерите“ се заинтересирани да го доведат Ибрахимовиќ во јануари на позајмица од шест месеци со опција соработката да биде продолжена.

Оваа ситуација за медиумите во САД ја прокоментира и самиот Ибрахимовиќ.

„Постои интерес и не е тајна дека Милан ме сака. Нема да кажам ниту да, ниту не. Ќе видиме. Не би ми пречело и да останам уште една година во Лос Анџелес“, изјави прославениот фудбалер.

Ибрахимовиќ во првата сезона во МЛС одигра 27 натпревари и стигна до учинок од 22 погодоци и седум асистенции со што покажа дека неговите 37 години воопшто не се проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дали играше Ламин Јамал со рака кога го доби пеналот?

Пеналот со кој Микел Ојарзабал ја донесе Шпанија во водство предизвика многу полемики, но …