Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ и Лукаку одат на сослушување – ќе има ли дополнителни суспензии?

Ибрахимовиќ и Лукаку одат на сослушување – ќе има ли дополнителни суспензии?

Фудбалскиот сојуз на Италија ја продолжи истрагата за инцидентот помеѓу Ибрахимовиќ и Лукаку.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во финишот од првото полувреме дуелот во Купот на Италија дојде до жесток судир помеѓу двајцата напаѓачи и двајцата си кажаа тешки зборови, а страстите не се смирија ниту после натпреварот.

Двајцата добија казни од по еден натпревар суспензија во Купот, но можно е да бидат дополнително казнети.

Лукаку и Ибрахимовиќ ќе бидат сослушани и ќе треба да ги објаснат случувањата од теренот.

Ибрахимовиќ веќе бил викнат на разговор, а сега ќе биде винат и Луаку после што ќе биде донесена одлука за евентуални дополнителни суспензии.

Многу ќе зависи и од тоа што судијата напишал во извештајот. Ако има дополнителни суспензии многу веројатно тие ќе важат и за првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус мисли дека 10 милиони евра се многу за Емилијано Мартинез?

Јувентус не е подготвен да плати на Астон Вила 10.000.000 евра и бонуси за голманот Емилиј…