Златан Ибрахимовиќ денес има приликја да сруши два нови рекорди.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милан и гостува на Специја и доколку Ибрахимовиќ постигне барем еден гол во овој натпревар ќе сруши два рекорди.
Прво, Ибра би станал најстариот играч со најголем број голови во Серија А. Ибрахимовиќ до сега има 14 до своите 39 години, додека Силвио Пиола постигна 15 во сезоната 1951/1952.
Исто така ако биде стрелец против вечерашниот ривал тоа ќе биде 80. различен клуб против кој постигнал гол во топ 5 прбвенства. Со тоа Ибрахимовиќ би станал првиот играч кој постигнал барем по еден гол против 80 различни клубови.
Натпреварот помеѓу Специја и Милан се игра вечерва во 20:45 часот.