Дома Фудбал Ибраими: Со татко ми го убедувавме Адеми да игра за Македонија

Ибраими: Со татко ми го убедувавме Адеми да игра за Македонија

Денес гостин во онлајн емисијата на Фудбалската репрезентација на Македонија беше еден од најомилените репрезентативци на сите времиња, Агим Ибраими.

Помеѓу другото Ибраими во разговорот зборуваше и за тоа како убедил Арјан Адеми да игра за Македонија.

„На почетокот беше потешко. Навистина сакавме Адеми да биде дел од репрезентацијата и со татко ми го убедувавме да дојде затоа што знаевме колку може да помогне. Денес гледаме дека сме биле во право. Тој не сакаше да игра затоа што во тоа време бевме 110. репрезентација, меѓутоа сепак успеавме чекор по чекор. Денес е важен играч во репрезентација, со него на теренот сме многу посилни“, изјави Ибраими.

Ќе потсетиме, Ибраими не се најде на списокот на селекторот Игор Ангеловски за Европското првенство.

Целиот разговор на Ибраими можете да го погледнете – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…