Дома Македонски спорт Мак баскет Златните момчиња на Македонија на средба со министерот за спорт и премиерот

Златните момчиња на Македонија на средба со министерот за спорт и премиерот

Сергеј Младеновски, Никола Јаничиќ, Сергеј Петровиќ, Ристе Букршлиев, Дарјан Димовски, Атанасиј Трајанов, Лука Марјановиќ, Коста Ќириловски, Бојан Димитриев, Давид Петрушевски, Марко Луканоски и Стефан Стојковиќ се имињата на дванаесетте кошаркари кои вчера, 4. август, ги освоија златните медали на Европското првенство за кошаркари до 18 години од „Б“ дивизијата.

Кошаркарите, поддржани од клупата од селекторот Горан Андреевски, неговите стручни соработници Никола Димитриевски и Един Имер како и тренерот за физичка подготовка, Трајче Стојанов и медицинскиот двоец – Дарко Гогов (доктор) и Крсте Гелејчевски (физиотерапевт) запишаа осум победи од исто толку вкупен број на натпревари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентацијата, заедно со раководството на Кошаркарската Федерација денеска беше на прием кај Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој заедно со Министерот за спорт, Борко Ристовски, упати пофални зборови за целокупната работа и успех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…