Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид на лето сигурно ќе го продаде Алваро Мората откако напаѓачот влегол во отворен конфликт со тренерот Зинедин Зидан.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Мората не ја добива потребната минутажа откако пред почетокот на сезоната се врати од Јувентус, а Зидан наводно не е задоволен од неговата форма.
Шпанските медиуми тврдат дека двајцата влегле во отворен конфликт и дека на напаѓачот сигурно ќе му биде отврена излезната врата следното лето.
Интерес за Мората покажуваат премиерлигашите Челзи и Арсенал, како и неговиот поранешен клуб Јувентус кој сака да го врати напаѓачот во Торино.
Најсериозен кандидат за неговиот потпис е Челзи, бидејќи Антонио Конте е голем симпатизен на Мората, а „сините“ се спремни да платат 60 милиони евра за да го донесат на „Стенфорд Бриџ“.