Дома Трансфер зона Зидан најде „нов Варан“ во Франција

Зидан најде „нов Варан“ во Франција

Зинедин Зидан сака во Реал Мадрид да го донесе 19-годишниот дефанзивец на Монако, Беноа Бадијашил, пренесуваат француските медиуми.

Бадијашил кој е висок 1,92 метри и важи за еден од најнадежните на неговата позиција, па веќе го доби епитетот „новиот Варан“.

Бадијашил веќе две сезони е стандарден во одбраната на Монако и моментално на трансфер-пазарот вреди околу 30 милиони евра.

За 19-годишниот дефанзивец интерес покажуваат и клубовите од Манчестер, но Зидан може да одигра клучна улога при трансферот.

Тој наводно стапил во контакт со младиот фудбалер и го убедил да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“, бидејќи во него гледа долгорично решение во одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Земјотрес“ на Островот: Канте се сели на „Олд Трафорд“

Англиските медиуми тврдат дека на Островот се спрема сензационален трансфер во последната …