Дома Фудбал Зидан им признал на играчите дека заминува

Зидан им признал на играчите дека заминува

Иднината на Зинедин Зидан  е главна тема во шпанските медиуми, а веќе подолго време се шпекулира дека Французинот ќе го напушти Реал Мадрид.

„Марка“ пренесува дека Зидан веќе донел конечна одлука и им соопштил на фудбалерите дека следната сезона нема да биде на кормилото на Реал Мадрид.

Угледниот весник информира дека Зизу им ја пренел оваа вест на своите играчи во соблекувалната веднаш по крајот на саботниот тренинг, поради што закажаната пресконференција доцнеше одредено време.

Зидан на пресконференцијата пред дуелот со Атлетик Билбао, рече дека правилно е да се направи нешто кое ќе биде добро за сите, и тоа се толкува како најава меѓу редови дека и за него и за Реал, мислат дека е најдобро ако се разделат. 

„Марка“ пренесува дека главни фаворити за негов наследник се легендата  Раул Гонзалес и Масимилиано Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол и потег за голем аплауз: Пасквал со апарат за реанимација истрча кон навивач во Зеница

Абел Пасквал помогна при итната интервенција за навивач на Челик кому му се слоши на триби…