Дома Фудбал Останато За ситуацијата во Аргентина се огласи и Марадона: Го заслуживме ова затоа што сме овци!

За ситуацијата во Аргентина се огласи и Марадона: Го заслуживме ова затоа што сме овци!

За случувањата во Аргентина и одложувањето на натпреварот помеѓу Ривер и Бока се огласи и легендарниот Диего Армандо Марадона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познато е дека Марадона е голем навивач на Бока, а играчите на неговиот тим беа каменувани во саботата, при што неколку фудбалери заработија повреди.

После одложувањата, засега нема одредена точна дата и за тоа ќе биде донесена одлука во наредните два дена.

Според Марадона виновник за хаосот кој се случува е претседателот на Аргентина, Маурицио Макри. Макри своевремено беше и прв човек на Бока, но подоцна влезе во политиката и стана претседател.

„Претседателот Макри ги излажа луѓето. Гласавме за неговите ветувања, но ништо не е подобро, всушност ситуација е полоша. Обезбедувањето и полицијата, никаде ги нема додека секојдневно се случуваат грабежи. Но, ние сме виновни, гласавме за него како овци! Тој е син на милијардер и не му е гајле за земјата, ова што сега се случува е одраз на неговото лошо водење на државата“, изјави Марадона.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Возиња стана голема ѕвезда, сега сними реклама за „Спајдермен“ (Видео)

Голманот од Зеленоортските Острови, Возиња, се уште го очекува пристигнувањето во Коло Кол…